Германска економска делегација во работна посета на „Aлкалоид“

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Германска економска делегација, составена од претставници на Министерството за економија на СР Германија и на германски компании, од потпретседателот на групацијата „BASF Централна и Југоисточна Европа“ и од високи претставници на Aмбасадата на СР Германија во Скопје, оствари работна посета на „Алкалоид“ АД Скопје.

На средбата, чиј домаќин беше Генералниот директор и Претседател на УО на „Алкалоид“, г. Живко Мукаетов, претставниците на германската економска делегација проследија презентација која ги опфати остварените резултати од работењето на „Алкалоид“, како една од најуспешните фармацевтски компании во ЈИЕ, нејзините пласмани, производственото портфолио и деловните операции. Беа претставени и големиот број инвестиции кои компанијата континуирано ги реализира низ годините, извозните активности и политиката за општествена одговорност, кои се дел од деветдеценискиот континуитет на успешната приказна за „Алкалоид“.

Во рамките на работната средба посебен акцент беше ставен врз долгогодишната успешна соработка на „Алкалоид“ со германски компании. Како еден од брзорастечките извозни пазари на компанијата, Германија е од особено стратешко значење и пазар каде што „Алкалоид“ во 2022 година оствари пласмани од 3.014.328 евра, при што забележа раст од 6,6 % во однос на 2021 година.

Посебен осврт беше даден за тридецениската стратешка соработка на „Алкалоид“ со компанијата „BASF“, eвропска мултинационална хемиска компанија и најголем производител на хемикалии во светот, која важи за еден од најсигурните партнери на „Алкалоид“. Како компанија со најголема доверба во однос на квалитетот на суровините и која ги следи потребите на нашата компанија, „BASF“ е снабдувач на суровини во сегментите фармација, козметика и хемија.

При обиколката на производствените капацитети на сегментот фармација и на Институтот за истражување и развој, гостите изразија задоволство од високото ниво на подготвеност и на стручност на човечкиот капитал кој управува со процесите, како и од високото ниво на технолошка опременост на капацитетите, при што голем дел од инсталираната опрема е снабдена од германски производители.

Генералниот директор и Претседател на УО на „Алкалоид“ АД Скопје, г. Живко Мукаетов, се заблагодари за честа и за можноста да ги претстави работењето и деловните операции на компанијата пред присутните, потенцирајќи го значењето на оваа средба за натамошно продлабочување на билатералната соработка.

Вршителот на должноста Aмбасадор на СР Германија, г. Ото Граф, изрази благодарност од посетата и од срдечното гостопримство, истакнувајќи дека преку оваа работна средба се уверил во големината, успешноста и во организираноста на една од компаниите столбови на македонската економија.

Share This Article