Не запираат „афтершоковите“ во американскиот банкарски сектор

Lorita
By Lorita 5 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Најголемиот банкрот во САД од 2008 година, што го доживеа банката на Силиконската долина (Silicon Valley Bank – SVB), се заканува да предизвика домино ефект и последици врз други американски и странски банки, пад на акциите во банкарскиот сектор, како и на рејтингот на американскиот банкарски ситем. Ефектот на шок, според некои експерти, меѓу првите ќе го почувствува и швајцарската банка Credit Suisse.

Според Федералната корпорација за осигурување на депозити (FDIC), средствата на банката на Силиконската долина (SVB) биле запленети откако штедачите, првенствено технолошки работници и фирми за ризичен капитал, почнале брзо да ги повлекуваат своите пари.

Запленети се средствата од 209 милијарди долари и депозитите од 175,4 милијарди долари што банката ги имаше во моментот на колапсот.

Пред да се запре работењето на банката, акциите на нејзината финансиска група паднаа за речиси 70 отсто, откако беше објавено дека банката продала средства од 21 милијарда долари и планира да продаде дел од акциите за да собере пари.

Дека ваквите економски состојби предизвикуваат домино ефект најдобро покажува падот на акциите на другите американски банки. Така, вредноста на акциите на First Republic Bank падна за 22 отсто, на Bank of America за еден отсто, а на Morgan Stanley за повеќе од два отсто.

По затворањето на банката на Силиконската долина, уследи затворање на големата Силвергејт банка, а американските регулаторни власти ја затворија и Signature Bank со седиште во Њујорк, една од главните банки во крипто индустријата. Силвергејт, како што објаснуваат американските регулатори, ќе биде ликвидирана со цел да се спречи ширењето на банкарската криза, бидејќи е голем доверител во крипто индустријата.

Одделот за финансии, Федералните резерви и Федералната корпорација за осигурување на депозити соопштија во заедничката изјава во неделата вечерта дека ја затвораат Signature Bank, но дека нејзините клиенти имаат целосен пристап до нивните депозити за да можат да си ги вратат парите.

Како остар удар врз веќе расклатениот сектор, кредитната агенција Мудис (Moody’s Investors Service) ја намали оценката на целиот американски банкарски систем од стабилен на негативен.

Компанијата, дел од трите големи сервиси за оцена на рејтингот, во понеделникот соопшти дека го прави чекорот во светлина на колапсот на клучните банки што ги поттикна регулаторите да настапат со драматичен план за спас на штедачите и другите институции погодени од кризата.

- Advertisement -
Ad image

Агенцијата за кредитен рејтинг Мудис објави дека ставила шест американски банки на листата за повторна анализа поради потенцијално намалување на рејтингот, по минатонеделниот колапс на Банката на Силиконската долина .

Според Си-Ен-Ен, Мудис очекува повеќе банки да бидат под притисок по колапсот на СВБ, особено оние со големи залихи на неосигурани депозити и долгорочни државни обврзници чија вредност е ослабена.

Финансискиот експерт Роберт Кијосаки од Волстрит тврди дека по банкротот на Silicon Valley Bank (SVB) прогласи банкрот минатата недела на крајно неочекуван начин, по нејзините стапки би можела да тргне уште една банка. Станува збор за познатата швајцарска банка Credit Suisse. Така барем тврди

- Advertisement -
Ad image

Јапонскиот експерт е познат во јавноста по тоа што го предвиде колапсот на американската банка Lehman Brothers во 2008 година.

Тој го даде своето последно предвидување само неколку часа пред швајцарската банка да признае дека доживува „финансиски тешкотии“.

Говорејќи за Fox Business Channel, Кијосаки истакна:

– Актуелните проблеми и неуспехот на пазарот на обврзници укажуваат на можен колапс на Credit Suisse, бидејќи имавме слична ситуација со Lehman Brothers. Регулаторите на Credit Suisse забележаа финансиски проблеми при внатрешната контрола на финансиските извештаи, но сметаат дека новонастанатата ситуација нема да предизвика клиентите да ја напуштат банката – вели Кијосаки.

Според него, акциите на банката паднаа за 5 отсто во почетокот на тргувањето, откако банката го објави својот годишен финансиски извештај во кој откри загуба од 8 милијарди долари во 2022 година.

Credit Suisse е инаку осмиот најголем инвестициски банкарски систем во светот, а вината за „слабостите“ во извештајот се бара во „неуспехот да се следи и одржува ефективна промена во проценката на ризикот за да се идентификуваат и анализираат ризиците од материјално значење“.

ФОТО: МИА

Share This Article