На 52-годишна возраст вчера почина Игор Стефановски-Фифи, поранешен припадник на специјалната единица „Тигар“ и еден од најдобрите снајперисти во таа единица.
Од Стефановски преку социјалната мрежа Фејсбук се прости поранешниот генерал Стојанче Ангелов, кој вели дека изгубил негов драг соборец.
„Почина Игор Стефановски – Фифи (1969-2023), поранешен припадник на Единицата за специјални задачи Тигар, еден од најдобрите снајперисти на Единицата во тој период, храбар бранител од 2001-та и мој драг соборец. Бог да го прости. Нека му е вечна славата“, напиша Ангелов на Фејсбук.
Погребот се одржа денеска на гробиштата во скопско Волково.