More

    Рашковски во своја одбрана за случајот „Софтвери“

    spot_img

    Да му кажеме на Илон Маск: напиши ни техничка спецификација за софтвер за определување просечна брзина, ќе ни ја напише истата, сето ова што јас сум го напишал. Не е направено да ограничува ниту со техника, ниту со технологија, ниту со програмски јазик или што било – рече поранешниот генерален секретар на владата Драги Рашковски денеска во судница, давајќи ја својата одбрана во случајот „Софтвери“.

    Тој тврдеше дека не е точно оти ја фаворизирал „Инвока груп“ да го добие тендерот и дека таа била направена така што „немате некои посебни ограничувања и не треба да се има какви било познавања за да се направи“.

    Иако насловот на она што го барал со тендерот и неговиот патент се слични, Рашковски се бранеше дека, иако во називот на јавната набавка се алудирало на софтвер за определување просечна брзина, во суштина најавениот софтвер имал вкупно 14 спецификации кои се многу повеќе од тоа, како што е, на пример, детектирање возило при поминување на црвено светло или при погрешно престројување.

    За функционалноста на софтверот, Рашковски рече дека првото тестирање е направено кон средината на 2020 година, а потоа е тестиран по примопредавањето. Како што истакна, предлогот до владата бил софтверот да биде ставен на камерите на „Сејв сити“ и да заживее, но до тоа не дошло.

    Тој ги негира вештачењата на Обвинителството дека софтверот бил нефункционален бидејќи, како што рече, тој бил тестиран на „Партизанска“ во Скопје, каде што се случуваат најмногу сообраќајни несреќи во државата.

    По давањето одбрана за софтверот за сообраќајни прекршоци, односно за определување просечна брзина на возилата, Рашковски продолжи да одговара на прашања за другите набавки за кои се гони со обвинението.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img