Шефот на дипломатијата на Русија Сергеј Лавров денеска изјави дека Европската унија може да им се заблагодари на САД што ги ослободија од зависноста од руските енергетски ресурси, поради трошоците за енергенси сега се тројно зголемени.
Лавров потсети на неодамнешните изјави на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која и се заблагодари на администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден за помошта на ЕУ „да се ослободи од зависноста од руските фосилни горива“.
– Во меѓувреме, оние од ЕУ се обидуваат целата вина за ситуацијата со која се соочуваат да ја префрлат на Москва – рече Лавров.
Министерот за надворешни работи на Русија истакна дека една од целите на хибридната војна на Западот е демонизирање на Русија во очите на светската заедница.