More

    Мајкл Кејн го слави својот 90-ти роденден: Од дете од работничка класа до господин

    spot_img

    Сер Мајкл Кејн, британскиот актер кој успеа и во Холивуд, го слави својот 90-ти роденден, а во својата богата кариера се појави во повеќе од 165 филмови од различни жанрови.

    И иако своевремено му велеа дека никогаш нема да стане актер, овој двоен оскаровец успеа да стане една од најпопуларните филмски ѕвезди на својата генерација со својот препознатлив акцент на Кокни.

    Кејн е роден Морис Џозеф Миклвајт на 14 март 1933 година, во работничка област во Лондон. Никогаш не заборави дека израснал во скромно работничко семејство, згора на тоа, често со гордост го истакнува тоа.

    Вели дека неговото потекло отсекогаш го мотивирало да се докажува и да покаже што може да направи на сите што не верувале во него.

    Тој често се сеќава дека стоел во редот во Канцеларијата за вработување со неговиот пријател, покојниот Шон Конери, и тврди дека сите оние кои се соочиле со финансиски тешкотии ја разбираат и ја ценат вредноста на парите. Тој влезе во театарската и филмската индустрија благодарение на огласот во кој бараа работници на сцената.

    Мајкл Кејн вели дека верува во судбината и Бог. Својот живот го гледа како дар од Бога и е благодарен за секој нов ден.

    Тајната на неговата виталност, како што вели, е во редовното одржување на градината во Сари, која се простира на 30.000 метри квадратни.

    Исто така, постои строг режим на земање 10 чудотворни таблети секој ден и Apple Watch кој го предупредува да направи пауза и одмор.

    Но, тој неодамна продаде куќа стара 200 години во Сари и ја даде на аукција неговата колекција од часовници Ролекс и неколку слики на Шагал. Денес живее помеѓу Мајами, каде што има куќа, и Лондон, каде живее во пентхаус на Темза.

    Во својата татковина, Кејн, кој беше прогласен за витез од покојната британска кралица Елизабета Втора, важи за култна личност. Во филмовите, тој беше подеднакво успешен во улогите на шармантен заводник и злобен гангстер.

    Тој е мајстор за емоции и без разлика дали се работи за блокбастер, комедија, психолошки трилер или нискобуџетен филм, Кејн може се, пишува германската новинска агенција dpa.

    Тој ја запознал сопругата Шакира Кејн за време на снимањето на ТВ реклама и веднаш се заљубил во неа. Тие се во брак 52 години, а Кејн ѝ припишува заслуга што го спасила од лошата навика да консумира по две шишиња вотка секој ден.

    Двапати ја доби Златната статуа, двата пати за најдобра споредна машка улога, во 1987 година за улогата во „Хана и нејзините сестри“ и во 2000 година за улогата во „The Cider House Rules“.

    И покрај доцните години, тој не престанува да работи и веќе е познат неговиот следен филмски проект. Во третиот дел од трилерот „Мајстори на илузиите“ се враќа пред камерата во улогата на негативецот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img