More

    Славниот турски актер и пејач Озџан Дениз се ожени со модната дизајнерка Самар Дагдар, која е 23 години помлада од него

    spot_img

    Славниот турски актер и пејач Озџан Дениз (50) се ожени со модната дизајнерка Самар Дагдар (27), која е 23 години помлада од него. Врската ја започнаа на почетокот на 2021 година, а се венчаа на крајот на јануари. Новопечената брачна двојка во моментот ужива на меден месец во Дубаи.

    Самар е 27-годишна модна дизајнерка од Иран. Дениз е турски актер, кој, меѓу другите улоги, многумина го паметат по улогата на Фарук во серијата „Истанбулската невеста“.

    Актерот е познат по турбулентниот живот. Во 2018 година тајно се ожени со Фејза Денис со која доби дете. Тие се разведоа една година подоцна и имаа долга битка за старателството над нивниот син Кузеј.

    „Го гледам син ми четири пати месечно. Тоа не е доволно ниту за мене, ниту за мојот син. Десет дена се немам слушнато со него. Денеска му е роденден, ниту можам да го видам, ниту да слушнам. Барам од судот да ми целосно старателство над него. Тоа ми го уништува животот, не можам повеќе вака“, му рекол актерот на обвинителот, пренесуваат турските медиуми.

    На крајот, судот и доделил старателство на мајката, но бројот на денови што актерот можел да ги помине со својот син бил зголемен. Инаку, турските медиуми пишуваа дека поранешната сопруга Фејза била опседната со богатството и славата на Озџан Дениз, па трошела енормни суми од неговите пари.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img