Касами вети отворање гласачко место за изборите на 2 април

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Градоначалникот на Тетово Биљал Касами и амбасадорот на Бугарија, Ангел Ангелов, како што информираат од Општина Тетово, на денешната средба се обврзале да се најде место во градот каде ќе гласаат бугарските државјани на предвремените парламентарни избори во Бугарија на 2 април.

„На средбата на градоначалникот на Општина Тетово и амбасадорот на Бугарија во Скопје, Ангел Ангелов се разговараше за предизвиците и можностите за соработка меѓу двете земји. На средбата се разговараше и за можната соработка со бугарските општини и користењето на нивното искуство во добивањето на средства од Европската Унија“, информираа од Општина Тетово.

На 2 април се предвидени предвремените парламентарни избори во Бугарија, откако во јануари во тројца мандатари не успеаа да состават Влада.

Share This Article