More

    Три маркети на ист ланец добија вкупна казна од речиси 16.000 евра

    spot_img

    Три маркети од ист синџир добија казна од 12.000 евра за фирмата и 3.600 евра за одговорното лице од Пазарната инспекција, откако зејтинот го тргнаа од полиците, односно го даваа само ако купувачите направат сметка над 800 денари, иако го имале на залиха.

    Ова доаѓа по објавите во медиумите, каде вработените ја спроведуваа оваа одлука на раководството. Директорката на ДПИ, Анета Симеска-Димоска кажа дека ова е нечесно пазарно однесување.

    – Кај еден субјект имаме прекршочни платни налози за нечесно пазарно однесување – имаше масло во магацин, а не на рафт. Има и прекршочни платни налози каде по Закон за заштита на потрошувачи кој се однесува на условување на купување на едни производи или други производи, што е казниво. Казната е 4.000 евра за правното и 1.200 евра за одговорното лице. Станува збор за еден троговец кој има повеќе маркети, утврдено е во неколку градови – кажа директорката Симеска-Димоска како резултат од инспекцискиот надзор.

    Инспекторите завчера направиле проверка во повеќе маркети на истиот синџир.

    – Маслото за кое зборувате по однос на евиденцијата со документација во приемниот лист каде сме надлежни е продажната цена е 90 денари. Нема да дозволиме да имаме манипулации од страна на трговците. Бараме да имате доверба и трпение и чувство дека навистина како роган се грижиме максимално да ги спроведеме нашите обврски – додаде Симеска-Димовска.

    Една од телевизиите вчера јави дека на рафтовите од посочените маркети има зејтин и станува збор за дезинформации. Според казнувањето на ДПИ, ваквата објава е пласирана без да се провери на терен.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img