Новата нумера на Тарабунов, „Празен град“, е уште една во низата одлични песни со која ги израдува своите обожаватели.
Поп-пејачот Александар Тарабунов слободно може да се прогласи за еден од највредните изведувачи на нашата естрада. Буквално, популарниот Тара не запира кога станува збор за создавањето нова музика, нови песни, нови видеоспотови…
Токму по тој повод вчеравечер на сите социјални мрежи ја објави својата најнова песна со наслов „Празен град“.
Ова е уште една во низата одлични песни кои Тарабунов ги создава за својата публика.
Првите реакции за „Празен град“ се одлични. Композицијата наиде на позитивни коментари, а особено пофалби добива и видеоспотот, на кој и овојпат како режисер се потпишува добро познатиот Зоран Зонде Стојановски.
ФОТО: Јутјуб