Во сараевската населба Илиџа четири непознати лица украле пари, мобилен телефон и лични документи од лице од Бреза нанесувајќи му тешки телесни повреди, соопшти МВР /МУП/ на Кантонот Сараево.
На повредениот чии иницијали се Н.А. лекарска помош му била укажана во Ургентниот клинички центар во Сараево, каде му биле констатирани тешки физички повреди.
Разбојништвото се случило во саботата на 11 март во 20 часот и 40 минути на улицата „Џемала Биједица“, а сторителите заминале во непознат правец.
Во сараевската општина Ново Сараево синоќа околу 21.20 часот непознато маскирано лице со нож му се заканувало на А.Ч. од Сараево украл торба со пари, мобилен телефон и лични документи и заминал во непознат правец.
За се е известен и дежурниот обвинител на Обвинителството на кантонот Сараево, а полициските службеници работат на расчистување на делата, откривање и пронаоѓање на сторителите.