More

    Актерот Морган Фримен ги изненади своите обожаватели откако се појави потполно ќелав на доделувањето на Оскарите

    spot_img

    Актерот Морган Фримен (85) ги изненади своите обожаватели откако се појави потполно ќелав на доделувањето на Оскарите, заедно со неговата пријателка, актерката Маргот Роби (32).

    Покрај ќелавата глава, за гледачите нови беа и неговите сиви мустаќи и сребрените обетки.

    Морган на сцената се појави во црн костум заедно со актерката Маргот и носеше компресивна ракавица до лактот на неговата парализирана лева рака. Ракавицата ја носеше и на отворањето на Светското фудбалско првенство во Катар на 20 ноември, кога одржа говор.

    Во 2008 година Фримен имаше сообраќајна незгода, откако неговиот автомобил се преврте неколку пати на автопат во Мисисипи. Лекарите рекоа дека состојбата ќе му се подобри, но за жал левата рака на актерот остана неподвижна поради тешко оштетување на нервите. Морган сега носи ракавица за компресија за да може крвта подобро да му циркулира.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img