Германската полиција во Карлсруе опколи област поради тековната заложничка ситуација во аптека

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Германската полиција во Карлсруе опколи област поради тековната заложничка ситуација во аптека, јави ДПА.

Во тек е голема полициска акција.

„Службите за итна помош се на терен поради заложничка ситуација во аптеката на улицата Етлингер. Моменталната ситуација е нејасна, повеќе информации наскоро“, напиша локалната полиција на Твитер.

Се уште не се знае колку луѓе во моментов има во аптеката, односно колку заложници има.

Се започна во 16:30 часот. Дојче веле јавува дека полицијата го опколила просторот околу аптеката лоцирана во центарот на Карлсруе, а се дознава дека полицијата воспоставила контакт со лице осомничено за земање заложници.

Полицијата ги отвори вратите на училиште за во него да престојуваат жителите кои поради блокираните улици не можеа да стигнат до своите домови. Луѓето не се во животна опасност, соопшти полицијата врз основа на нивната проценка за моменталната состојба.

Сепак, тие ја замолија јавноста да ја избегнува областа и да ги следи сите упатства издадени од службите за итни случаи.

Share This Article