Неофицијално, Б92 дознава дека пробиена е последната одбрана на градот Мариупол во Јужна Украина, каде се водат тешки битки на улиците и каде претходно беше гранатиран театар во чии скривници се криеле 1.200 луѓе, а според руските сили бил упориште на украинскиот неонацистички одред „Азов“.
Каналот „Operational Reports“ на социјалната мрежа Телеграм објави видео од работата на чеченските специјални сили во Мариупол, кои наводно, „го исчистиле“ градот од украинските националисти. Според последните информации, борците ја пробиле одбраната на погонот каде се националистите од баталјонот Азов.