Во 2020 Ковид-19 не беше главна причина за смрт – Во ЕУ повеќе луѓе починаа од другите две групи на болести

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

И покрај пандемијата на коронавирусот, кардиоваскуларните болести беа главната причина за смрт во сите земји на ЕУ во текот на 2020 година, освен во Данска, Ирска, Франција и Холандија, каде што ракот беше главната причина.

Овие две групи на болести останаа водечки причинители за смртност и вкупно 1,7 милиони луѓе починаа од циркулаторни заболувања, а речиси 1,2 милиони починаа од рак, објави денеска Евростат.

Меѓу членките на ЕУ, најголем удел на смртни случаи од срцеви и циркулаторни заболувања е забележан во Бугарија (61 отсто), а најмал во Франција (20 отсто), додека најголем удел на смртни случаи од рак е забележан во Ирска (29 отсто) и најмал удел во Бугарија (15 проценти).

Болестите на циркулаторниот систем и ракот заедно претставуваат 55 отсто од причините за смрт во ЕУ, од 42 отсто во Белгија и до 76 отсто во Бугарија.

Во годината кога изби пандемијата, коронавирусот беше трета водечка причина за смрт во ЕУ, со вкупно речиси 439.000 смртни случаи.

Најголем удел на смртни случаи од ковид-19 е регистриран во Белгија (18 проценти) и Шпанија (15 проценти), додека најмал е во Финска и Естонија (и двете по еден процент).

Бугарија имаше највисока стапка на смртност во ЕУ во 2020 година, а потоа следат Романија, Унгарија, Литванија и Летонија.

Најниска стапка на смртност во земјите на ЕУ е забележана во Франција, Ирска, Луксембург, Финска и Шпанија.

фото: Евростат
Share This Article