More

    Франција планира да ги ублажи последиците од руската инвазија врз Украина со мерки „тешки“ 25 милијарди евра

    spot_img

    Франција планира да ги ублажи последиците од руската инвазија врз Украина со мерки „тешки“ 25 милијарди евра, најави премиерот Жан Кастекс.

    – Целта е да се ублажат краткорочните последици во најранливите сектори – објасни Кастекс на вчерашната презентација на мерките.

    Владата на тој начин ќе им помогне на компаниите со висока потрошувачка на енергија, земјоделството, рибарството и транспортот.

    Само за земјоделскиот сектор е планирана помош до 400 милиони евра, што треба да го намали притисокот од повисоките трошоци за добиточна храна.

    Рибарите ќе добијат субвенции од 35 евроценти за литар гориво за чамци, покрај паричната инјекција што веќе ја најави Здружението за риболов.

    Транспортниот сектор ќе добие 1.500 евра по камион за трошоци за гориво во следните четири месеци.

    Програмата за државно субвенционирање на платите, која требаше да ги зачува работните места во текот на пандемијата на ковид-19, ќе биде продолжена, како и мерките за зачувување на ликвидноста на компаниите со проблеми во снабдувањето.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img