Кремљ во петокот соопшти дека гледа ризици од можни „провокации“ во Јужна Осетија и Абхазија, две отцепени провинции во Грузија поддржани од Русија, по неколкудневните протести во таа земја поради предложениот закон за „странски агенти“, пренесува Ројтерс.
Грузискиот парламент во петокот го отфрли предлог-законот, што предизвика тридневни масовни протести во Тбилиси.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, во петокот изјави дека Москва „со загриженост“ ја следи ситуацијата.
Тој додаде дека ја гледа „раката“ на САД зад „антитурските чувства“ кои, според Москва, се извор на протестите во Грузија.
Коментирајќи ја поддршката за демонстрантите што ја изрази грузиската претседателка Саломе Зурабишвили во четвртокот во Њујорк, тој истакна дека таа „им се обраќа на својот народ не од Грузија, туку од Америка“.
Ова е знак дека „нечија видлива рака се обидува да предизвика антитурски чувства“, рече Песков, пренесе АФП.