More

    Бугарските Евреи не прифаќаат ослободување на Бугарија од одговорност за холокаустот

    spot_img

    Организацијата на Евреите во Бугарија „Шалом“ вчера излезе со став во кој остро се спротистави на, како што го нарекува, ревизионизмот и ослободувањето од одговорноста на владетелите на Третата бугарска држава за холокаустот на Евреите во текот на Втората светска војна.

    „Организацијата на Евреите во Бугарија „Шалом“, која ја претставува бугарската еврејска заедница, дел од семејството на Светскиот еврејски конгрес, и која е партнер на сите поголеми организации за истражување и сеќавање на Холокаустот, е должна во пресрет на 10 март – Ден на спасот на бугарските Евреи и ден на сеќавање на депортираните Евреи од Македонија, Беломорието и Пиротско, да се изјасни:

    Ние се сеќаваме, ја почитуваме и ја пренесуваме историјата и тестаментот на достојните Бугари, на Бугарската православна црква, на интелектуалци и јавни личности, меѓу нив и 20 праведници меѓу народите. Нивните постапки доведоа до неверојатни настани пред 80 години.

    Но, ние нема да стоиме со скрстени раце околу обидите во последните недели да се промени историјата на холокаустот во Бугарија, така што тешките антисемитски закони и државни мерки на бугарската влада тогаш да се прикажуваат како навидум прифатени, но непостоечки во реалноста. Да не заборавиме дека тоа се закони и прописи кои предизвикаа илјадници луѓе да страдаат за време на Холокаустот. Ова е навреда и за споменот на нашите предци, и за заслугите на сите праведни Бугари од тој период, и нема да молчиме пред ваквото запоставување на Холокаустот, кој се смета за злосторство во многу земји на европската Унијата. Загрижени сме за институционалната поддршка што ја добиваат овие ревизионисти на историјата и ги повикуваме сите владини институции да се придржуваат до утврдената историска вистина – се вели во реакцијата на бугарската еврејска заедница.

    Во Бугарија на 10 Март се одбележува годишнината од, како што се нарекува, спасувањето на бугарските Евреи за време на Втората светска војна. Годинава за прв пат во јавноста се појавија спротиставени гледишта за улогата на Третата бугарска држава во депортацијата на Евреите од Македонија и Беломорска Тракија во пролетта 1943 година. Според едното гледиште, сегашните владетели должат извинување за испраќањето на речиси 12.000 луѓе во логорите на смртта од окупираните пордачја, и бугарската држава мора да ја признае својата одговорност за тоа. Според другата позиција, државата на Цар Борис III немала избор и морала да ги депортира Евреите од д Македонија, Беломорието и Пиротско, но сепак во преден план треба да се земе нејзината заслуга за спасување на Евреите од бугарските земји.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img