На германскиот пазар на труд има повеќе слободни работни места од кога било досега, покажа новото истражување на Институтот за истражување на вработувањето (ИАБ).
Според новообјавените резултати за четвртиот квартал од минатата година, во Германија има дури 1,98 милиони непополнети работни места.
Ова е за 160.000 или 6,6 отсто повеќе од претходниот квартал и 17,5 отсто повеќе од последниот квартал од 2021 година.
Истражувачот на тој институт, Александар Кубиш, рече дека „барањата за персонал во Германија достигнале ново највисоко ниво во историјата“.
„Големиот дел од слободните работни места може да се пополнат веднаш, а во многу случаи притисокот на конкуренцијата во компаниите за соодветен кадар е голем“, рече Кубиш, пренесува агенцијата ДПА.
ИАБ спроведува четири пати годишно истражување кое вклучува неколку илјади компании и ги евидентира не само работните места пријавени во агенциите за вработување, туку и сите отворени позиции.