More

    Зајкова би ги укинала и паушалите кои достигнуваат 4 просечни плати

    spot_img

    Никогаш не би земала апанажа затоа што ќе се вратам на својот професионален ангажман во областа на правото, рече пратеничката на ЛДП, Моника Зајкова во гостувањето на Алфа, коментирајќи ја одлуката на Уставниот суд кој минатата недела ја укина апанажата за функционерите кои ќе поднесат оставка.

    – Кога го отвораме прашањето за апанажата како бенефиција, треба да ги отвориме и другите прашања, а тоа е колку во институциите има управни и надзорни одбори каде што членуваат луѓе кои што согласно законите „земаат” до 4 просечни плати, отприлика околу 150 до 200.000 денари паушал за само едно појавување на седница на Управен одбор – додаде таа.

    Зајкова посочи дека имаме низа агенции, тела коишто јавноста воопшто не ги познава, а земаат огромни примања.

    Уставниот суд минатата недела го укина членот 22 од Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани функционери, односно се губи правото на „Апанажа“.

    Оттаму објаснија дека укинувањето на членот 22 значи дека пратениците, функционерите и раководните работници кои поднеле оставки или се разрешени од должноста пред истекот на времето за кои се избрани, именувани или назначени нема да ги имаат сите права како останатите вработени, вклучувајќи го и правото на надоместокот, популарно наречен „Апанажа“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img