Пејачката Леди Гага нема да ја изведе својата номинирана песна „Hold My Hand“ од филмот „Топ ган: Маверик“ на доделувањето на Оскарите в недела, 12 март.
Пејачката беше поканета на 95. доделување на Оскарите, но мораше да ја одбие понудата поради распоредот за снимање на филмот „Joker: Folie à Deux“.
Продуцентот на Оскарите, Глен Вајс, ја објави веста за време на прес-конференција во средата, 8 март.
„Имаме одличен однос со Леди Гага и нејзиниот тим, но таа е среде снимање на филм, а ние сме тука да и оддадеме почит на филмската индустрија и на она што е потребно за да се направи филм“, рече Вајс.
Потоа додал:
„По еден куп напред-назад, се чинеше дека не може да ја постигне изведбата од калибар на кој сме навикнати со неа, на кои е навикната и сето тоа“, објаснил Вајс, пренесува „Њуз“. ”