More

    Најтешко е да го намолиш мајсторот да дојде, а за изгор-цената ќе плачеш откако ќе замине

    spot_img

    Прво добро разгледајте ги огласите, распрашајте се за цените, а потоа повикајте мајстор дома, а каква ќе ви биде услугата никој не може да ви гарантира сѐ додека не искусите, велат граѓани кои користеле хаусмајстори во последните неколку месеци.

    Тие тврдат дека цените на услугите кај најголемиот дел занаетчии кои вршат некакви услуги последната година се повисоки за најмалку 30 отсто и се различни кај секој од нив за иста услуга и многу често зависи од сезоната и побарувачката. Оние кои се на „добар глас“ наплаќаат и повисоки цени, а повисока цена се наплаќа и во период кога за одредена услуга има поголема побарувачка.

    Но, поголем проблем од цените е тоа што за одредени занаетчиски услуги речиси и да нема мајстори, бидејќи и тие заминуваат во странство.

    – Лани, при крајот на годината менував бојлер и дел од водоводната инсталација, па еден познат водоводџија ми наплати 4.500 денари со попуст, барем така ми рече. Годинава, сакав да заменам бојлер на друг кат од куќата и се распрашав кај неколку водоводџии од огласи и се изненадив кога ми кажаа дека демонтажа и монтажа на бојлер кај нив чини 1.500 денари. Не знам каква им е услугата, но тоа е многу помалку од претходната монтажа на бојлер. Се чини дека секој си става сопствена цена на услугата – раскажува скопјанец.

    Друг, пак, вели дека само замена на вентил и инсталација на цевка до казанче во бањата го чинело 1.500 денари.

    – Протече цевката за довод на вода во казанчето на бањата и го викнав првиот мајстор кој го најдов на огласите. За замена на еден вентил и инсталирање на цевката од тој вентил до казанчето ми зеде 1.500 денари. Платив и се запрашав зарем толку чини оваа услуга. За 15 минути човеков наплаќа 1.500 денари. Сите ветуваат врвна услуга, ама никој не гарантира колку ќе издржи поправката или монтажата – вели тој.

    Според она што го добивме со анкета на неколку занаетчии за реновирање на бања, цените се следни:

    – Демонтирање на плочки чини 4 евра по квадратен метар

    – Монтирањето (лепење на плочки) чини 8 евра за квадратен метар

    – Поставување надворешна водоводна инсталација 150 евра

    – Само монтирање на туш-кабина ќе ве чини 40 до 100 и повеќе евра

    – Монтажа на бојлер од 25 до 40 евра.

    Дополнително се наплаќа и за монтажа на казанче и одводните цевки, како и изградба на кадичка за поставување на туш-кабина.

    Кај некои занаетчии цените се фиксни, а кај други можете да се нагодувате. Цената исто така зависи и од квадратурата. До 3 квадратни метри цената е повисока, а за поголема квадратура пониска, но мајсторите за плочки велат тоа сѐ помалку им прави разлика во цената и често се договараат за една цена. Овие услуги најчесто ги вршат порано вработени во градежните компании или обучени кај познати мајстори.

    Исти услуги даваат и фирми кои реновираат, а кај нив цената е далеку повисока.

    Кај столарите работната рака се пресметува според вредноста на материјалот и се движи од 70 до 80 отсто од вредноста. Претходно столарите наплаќаа 50 отсто од вредноста на материјалот.

    Граѓаните велат дека поскапени се и услугите на електричарите, молерите, фасадерите кои нудат изолација на куќи и станови, но и на монтерите на инвертер и клима уреди.

    Цената на услугата на монтерите на инветрер и клима уреди зависи од периодот на годината и побарувачката. Цената за монтажа на клима уреди достигна до 80 евра, а претходно монтажите се реализираа по цена од 50 евра.

    Од Занаетчиската комора велат дека секој занаетчија си утврдува цена на својата услуга и тие немаат податок за тоа колку се поскапени услугите на занаетчиите во последната година.

    Покрај цената на услигата за граѓаните, последниве месеци стана проблем и тоа што за да ја завршат работата треба да чекаат и по неколку деновможеби и недели бидејќи за се намалува бројот на занаетчиите кои останале во земјава и уште работат.

    – Сѐ поскапе, па не е чудно што и овие услуги поскапеа, но чудно е што и за вака високи цени за одделни услуги не може да се најде мајстор. За да го проверам парното минатата есен чекав еден месец. Кога прашав зошто се чека толку, мајсторот ми рече дека се малку на број и дека не можат да постигнат. Вели дека и тие почнале да одат во странство да работат бидејќи таму за нивната услуга се плаќа многу повеќе – вели Ангелина од Скопје.

    Според она што може да се види на огласите за работа во странство од занаетчиите најмногу се бараат: градежници, одработувачи на дрво, плочкари, фасадери, авто-механичари монтажери од секаков вид и други.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img