Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса утре времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни, проследени со грмежи и засилен ветер (над 70 км/час). Локално ќе бидат во форма на невреме, соопшти УХМР.
Во Скопската Котлина утре времето ќе биде променливо облачно со повремен дожд. Попладне во делови од котлината врнежите ќе имаат пороен карактер проследени со грмежи и засилен ветер.