More

    Владата со над 760 милиони евра ја ублажи кризата, со поддршка од 80 милиони евра од ЕУ се реализира Националниот план за справување со енергетската криза

    spot_img

    Република Северна Македонија доби 80 милиони евра финансиска поддршка од Европската Унија. Претседателот на Владата Димитар Ковачевски, денеска на прес-конференција истакна дека овие средства се користат за буџетска поддршка во државата. На прес-конференцијата вицепремиерот за евроинтеграции Бојан Маричиќ и министрите-за финансии Фатмир Бесими, економија Крешник Бектеши и Јована Тренчевска, министерка за труд и социјална политика во својот домен ги изнесоа деталите за антикризните мерки и ефектите од истите. Евроамбасадорот во земјава Дејвид Гир посочи дека оваа финансиска поддршка ќе им помогне на граѓаните да се справат со барањата кои се појавија како резултат на енергетската криза.

    Премиерот Ковачевски потенцираше дека Владата во соработка со сите институциите, со министерствата, со земјите од регионот како и со Европската Унија, спречи ценовен шок, овозможи стабилно снабдување со електрична енергија, го зголеми производство од домашните капацитети, осигура стабилност на цената на струјата, а тоа пак влијаеше директно врз стандардот на граѓаните, но и врз стабилизација на инфлацијата. Грантот од 80 милиони евра е поддршка за субвенции на граѓаните за сметките за електрична енергија, поддршка на малите и средни компании за одржување на континуитет на бизнисот како и за инвестиции на државата за енергетска транзиција, обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност.

    „Намалувањето на цената на струјата за 20% за 70.000 фирми кои се на регулиран пазар и задржување на цената за домаќинства на исто ниво, за оние кои рационално ја трошат електричната енергија, е само потврда на правилните политики кои ги водиме во време на енергетска криза, и тоа е вистинска грижа за најранливите категории. Сите мерки кои се преземаат од страна на Владата се со цел да се има сигурно и стабилно греење. Денес има и струја и парно, а рестрикции нема. Планот дава резултат. Наш приоритет е и енергетската транзиција и енергетската независност, а нашата земја е регионален лидер во енергетската транзиција, со огромен потенцијал да стане зелен енергетски хаб“, рече премиерот и додаде дека Владата донесе пакет антикризни мерки во износ од над 760 милиони евра кој, според податоците на Светска банка е највисока буџетска поддршка во регионот за справување со кризата споредено со сите други земји од нашиот регион.

    Евроамбасадорот Дејвид Гир, истакна дека во фокус на поддршката од ЕУ за Северна Македонија е да се заштитат граѓаните.

    „Минатиот октомври, претседателката на Европската Комисија фон дер Лајен вети овде во Скопје дека ЕУ ќе и обезбеди на Северна Македонија 80 милиони евра за справување со енергетската криза. Сега го испорачавме тоа. Во пракса, оваа поддршка ќе им помогне на граѓаните да се справат со барањата кои се појавија како резултат на енергетската криза. Ова значи да им се помогне на сите домаќинства да ги задоволат нивните основни енергетски потреби. Особено оние најранливите. Тоа значи одржување и работа на училиштата и болниците. И тоа значи да им се помогне на малите бизниси да обезбедат производство на основни прехранбени продукти“, изјави амбасадорот на ЕУ во Северна Македонија Дејвид Гир.

    Вицепремиерот Маричиќ рече дека Европската Унија не ги заборави македонските граѓани и повторно е со нас во криза, докажувајќи дека е многу повеќе од финансиска поддршка со која ни помага во забрзување на трансформацијата на општеството и подготвувањето на Северна Македонија за членство во европското семејство. „Европската унија е и наш најголем партнер кој прв застанува со нас во тешки времиња. Покрај примарната цел на овие 80 милиони евра, со овие неповратни средства ќе се поддржат и структурните реформи за олеснување на енергетската транзиција, посочи вицепремиерот и национален ИПА координатор Маричиќ, додавајќи дека преку инструментот Инвестициска рамка за Западен Балкан изминатиов период успеавме да добиеме над 52 милиони евра неповратни средства за проекти во областа на енергетиката”, рече вицепремиерот.

    Министерот за финансии Фатмир Бесими посочи дека грантот од 80 милиони евра е потврда за исправноста на политиките што ги спроведува Владата на нашиот европски пат и во справување со кризата.

    „Тоа беше препознаено од нашите сојузници и поддржувачи, од нашиот главен партнер ЕУ, од кој покрај постојаната финансиска помош за проекти, што се дел од реформската агенда, ни додели и грант средства за справување со кризата, Во 2020 година исто така на Република Северна Македонија и беше доделен грант од 40 милиони евра директна буџетска поддршка наменета за социјална и економска отпорност на државата при справување со кризата предизвикана од КОВИД-19 пандемијата“, рече министерот Бесими и додаде дека средствата што ЕУ ги доделува на нашата земја е знак на солидарност што за нас претставува голема одговорност за нивно најефикасно користење.

    Со цел заштита на потрошувачите и нивниот животен стандард од директното влијание на растот на цените на енергенсите и прехранбените производи, како и зголемување на конкурентноста на домашните компании на меѓународниот пазар, Министерството за економија заедно со останатите релевантни институции подготви Национален енергетски акциски план на Северна Македонија за 2022-2023 година за справување со енергетската криза.

    „Националниот енергетски акциски план предвидува средства за воведување на буџетско субвенционирање на домашните компании, пред сé за обезбедувањето на јавните дејности, водоснабдување, здравство и образование како и за непречено снабдување со храна, млеко и останати дејности во интерес на сите граѓани. Покрај тоа, вклучува мерки за поддршка на граѓаните при справување со зголемените цени на енергенсите. Последно, но исто така особено важно за Северна Македонија, Националниот енергетски акциски план вклучува и проекти и програми за спроведување на европските политики за заштита на ранливите потрошувачи на енергија, за политиките и мерките за енергетска ефикасност во зградите и за развој и имплементација на концептот на просјумери“ рече министерот за економија Бектеши.

    Министерката Јована Тренчевска истакна дека како дел од последниот пакет на владини мерки, Министерството за труд и социјална политика веќе три месеци обезбедува финансиска поддршка за справување со енергетската криза на ранливите односно социјално исклучените граѓани.

    „Како дел од последниот пакет на владини мерки, Министерството за труд и социјална политика веќе три месеци обезбедува финансиска поддршка за справување со енергетската криза на ранливите односно социјално исклучените граѓани.

    Финансиската поддршка се обезбедува за период од четири месеци на над 177.000 социјално исклучени граѓани, вклучително и деца, лица кои останале без работа и користат паричен надоместок за невработеност и корисници на минимална пензија.

    Покрај тоа, 46.000 корисници на правото на гарантирана минимална помош и социјална сигурност примаат паричен додаток за енергенси во периодот на зимските месеци.

    Севкупно, опфатени се околу 220.000 корисници во ризик и исплатени се околу 21 милион евра“ рече Тренчевска.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img