Авионот на Кроација ерлајнс кој летал за Копенхаген се свртел и се вратил во Загреб.
Портпаролот на „Кроација ерлајнс“, Давор Јанушиќ за Дневник.хр изјави дека авионот е пренасочен назад кон аеродромот во Загреб како мерка на претпазливост. Имале индиции за технички дефект, па со одлука на пилотот авионот бил вратен во Загреб.
„Ербас 319, по полетувањето од Загреб за Копенхаген, превентивно беше пренасочен назад кон аеродромот во Загреб поради укажување на технички дефект. Во согласност со предвидените безбедносни процедури, леталото ќе биде прегледано во техничкиот центар и се очекува многу брзо да биде пуштено во сообраќај“, изјави портпаролот на CA, Давор Јанушиќ.
Се очекува патниците да останат во авионот, кој наскоро би требало повторно да полета.