Припадници на МВР во Белград во две одвоени акции заплениле околу 16 килограми растителна материја за која постои сомневање дека е марихуана и привеле две лица поради сомнение дека сториле кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги.
Како што се наведува во соопштението на МУП, во првата акција припадниците на Полициската станица Вождовац го уапсиле Љ.П. (31), откако пронашле околу шест килограми растителна материја за кои постои сомневање дека се марихуана, вага за прецизно мерење, како и 11.350 евра, 40.000 динари, 300 канадски долари и 250 американски долари, за кои постои сомневање дека потекнуваат од продажба на дрога.
Во друга акција, се додава, припадниците на полициската станица и интервентното одделение 92 Нови Белград го уапсиле црногорецот В.С. (44). При преглед на автомобилот „рено“ што го управувал, запленети се околу десет килограми растителна материја слична на марихуана, која била спакувана во 20 пакувања.
МУП на Република Србија
На осомничените им е одредена мерка притвор до 48 часа, по што со кривична пријава ќе бидат изведени до надлежното обвинителство.