More

    Музичката „сцена“ има нов пар – Аврил Лавињ и Тајго

    spot_img

    Популарната канадска рок-пејачка Аврил Лавињ и американскиот рапер Тајга потврдија дека се пар на модната недела во Париз.

    38-годишната пејачка, најпозната по хитот Complicated, и пет години помладиот рапер, автор на хит песната Faded, присуствуваа на една од забавите по ревијата која деновиве се одржува во француската престолнина.

    На забавата Mugler & Hunter Schafer, музичарите си разменија бакнежи и прегратки, не оставајќи сомнеж за нивниот статус.

    Двајцата вљубени на почетокот на денот заедно ја следеа ревијата на Отолингер во првиот ред, а додека ги разгледуваа новите трендови, тие

    Гласините за новата ѕвездена двојка се појавија минатата недела кога присуствуваа на заедничка забава организирана од холивудскиот актер Леонардо ди Каприо. Аврил и Тајга исто така се забележани на неколку состаноци.

    Аврил се раздели со музичарот Мод Сан, со кого беше и свршена, минатиот месец по две години врска.

    Пејачката беше во брак со пејачот и гитарист на Sum 41 Дерик Вибли три години. Таа беше во брак со фронтменот на Никелбек, Чад Крогер две години.

    Tyga има дете со моделот и бизнисменка Блак Чина. Тој беше во врска и со реалити ѕвездата Кајли Џенер.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img