Инцидент се случил вчера во основно училиште во Гостивар кога наставничка физички се пресметала со ученик, информираше Министерството за внатрешни работи (МВР).
СВР Тетово информира дека вчера во 16 часот и 10 минути, 45-годишниот гостиварец Џ.Б. пријавил дека околу 9:50 часот во гостиварско основно училиште, неговиот малолетен син физички бил нападнат од наставничка.
„Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, информираше МВР.