More

    Рускиот антивоен активист Дмитриј Иванов оди во затвор

    spot_img

    Рускиот опозициски активист, Дмитриј Иванов, кој на социјалните мрежи го осуди начинот на кој Москва ја води војната во Украина, е осуден на осум и пол години затвор за ширење лажни информации за војската.

    Иванов, кој го водеше антивоениот канал на социјалната мрежа Телеграм за студентите на Московскиот државен универзитет, ги негира обвинувањата. Тој пред судот кажа дека останува на неговите изјави, за кои тврди дека се фактички точни.

    Британските медиуми, цититрајќи ја неговата адвокатка марија Ајсмонт, пренесуваат дека Иванов казната ќе ја отслужи во затворска колонија, а воедно добил и забрана во следните четири години да извршува било каква должност на администратор на Интернет или на социјалните мрежи.

    Иванов, кој беше приведен во јуни минатата година, е обвинет дека напишал или реобјавил низа наводи на Телеграм за однесувањето на руската војска во Украина, вклучително и наводи за воени злосторства.

    „Дискредитирањето“ на војската се казнува со затворска казна до пет години, додека намерното ширење на лажни информации може да биде санкционирано и со казна затвор од 15 години.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img