Проценки за материјалните последици од земјотресот

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Материјалната штета предизвикана од земјотресот во Турција надминува 100 милијарди долари, покажува прелиминарната пресметка на Светска банка, ОН, Европската Унија и Владата во Анкара.

– Еден месец по земјотресот во Турција, во кој загинаа повеќе од 46.000 луѓе, веќе е јасно дека само материјалната штета ќе биде повеќе од 100 милијарди долари – изјави Луиза Винтон, шефица на Програмата за развој на ОН во Турција.

Таа на видео-конференција на ОН во Женева од Газиантеп, Турција, рече дека „трошоците за реконструкција и сè што оди со подобра и поеколошка реконструкција очигледно ќе ја надмине таа сума“.

– Проценките и натаму се засноваат на прелиминарни податоци, но износот од 100 милијарди долари за штета ќе биде претставен на донаторската конференција за реконструкција на 16 март во Брисел – рече Винтон.

Таа изрази „разочарување и тага“ поради недостигот на дарежливост од донаторите, укажувајќи дека досега се исполнети само 9,6 отсто од помошта од 1 милијарда долари итно побарана на 16 февруари.

Речиси 46.000 луѓе загинаа, а 105.000 беа повредени во земјотресот во Турција од 6 февруари, со јачина од 7,8 степени и последователниот од 7,6 степени, но билансот сè уште не е целосен.

Во 11 од 81 провинција во Турција, 214.000 згради беа уништени или оштетени, од кои некои беа високи повеќе од 10 ката.

Во тие земјотреси загинаа речиси 6.000 луѓе и во соседна Сирија, каде што исто така материјалната штета е голема.

Share This Article