Минималните трошоци на четиричлено семејство во февруари изнесувале 50.909 денари, покажуваат анализите што денеска ги објави Сојузот на синдикати на Македонија.
Според податоците од минималната потрошувачка кошничка, што ја изработува ССМ, најголем дел или 19.379 денари се трошат за храна и пијалоци, а 13.306 денари за комунални трошоци. За превоз минимум се потребни 3.679 денари, а за хигиени производи 3.154 денари.
Во однос на јануари годинава, синдикалната потрошувачка кошничка е зголемена за 110 денари.
Минималната синдикална кошничка се пресметува за четиричлено семејство без автомобил.
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во декември 2022 година, изнесува 34 364 денари.