Среќен прв роденден Луна, Ана и Хана. Денеска во Зоолшката градина во Скопје се прослави првиот роденден на трите бели лавчиња. Имаше роденденска торта за славениците и за гостите на забавата.
– Денеска со голема радост го прославивме првиот роденден на белите лавчиња Луна, Ана и Хана кои се родија во ЗОО Скопје. Нашите вработени се дружеа со дечињата од градинката „Светот на Колорес“, а музички роденденот го збогатија детските евровизиски претставници Лара и Јован и нашите пријатели од ДКЦ Карпош – велат од ЗОО Скопје.
Настанот беше проследен со забава и многу детски насмевки, се дуваа свеќички и се пееја песни.
– Луна, Ана и Хана си добија најубава торта од своите зоонегуватели, направена според нивната табличка за исхрана, а нашите гости уживаа во вкусната торта со ликовите на лавчињата и мама Бела. Да ни се живи и здрави уште многу години – велат од Зоолошката градина.