More

    Владата го одобри договорот со „Бехтел и Енка“

    spot_img

    На предлог на Комитетот за преговори за изградба на Коридорот 8 и 10-Д, Владата го одобри договорот за изградба на планираните четири автопатски делници на овие коридори, информираше Кабинетот на вицепремиерот Артан Груби.

    Одобрувањето на договорот за изградба на Коридорот 8 и 10-Д доаѓа по четиринеделните преговори кои се водеа меѓу консултантот за финансиски трансакции на Владата, ИРД, и меѓународниот конзорциум „Бехтел и Енка“.

    – Денеска е голем ден во Управниот комитет и во Владата каде го разгледавме Извештајот на нашиот консултант за преговорите со конзорциумот „Бехтел и Енка“ за изградба на Коридорот 8 и 10-Д како и одобрување на содржината и потпишување на договорот – истакна Груби.

    Владата пред неколку недели го одобри заклучокот предложен од Комитетот за преговори дека се исполнети сите предуслови за почеток на преговорите и формирање на работни групи меѓу „Бехтел и Енка“ и ИРД, активности што се одвиваа во изминатите 28 дена.

    – Коридорот 8 е долг 68 километри, со автопат со шест ленти, од Тетово до Гостивар, Кичево, преку Струга до Ќафасан, додека Коридорот 10-Д од Прилеп до Битола е долг 40 километри и има исто така шест ленти, со период за изградба од 3 години од почетокот на работите – се вели во информацијата од Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците.

    Владата минатата година потпиша меморандум за соработка со „Бехтел и Енка”, а Собранието донесе Закон за утврдување јавен интерес и негово номинирање за стратешки партнер за овој проект.

    На 2 февруари во Владата беше потпишан договор со италијанската ИРД инжинеринг за надзор и правен трансакциски советник за четирите автопатски делници во должина од над 120 километри. Директорот на ИРД инжинеринг Паоло Орсини на потпишувањето на договорот вети дека ќе обезбедат највисоко ниво на надзорни услуги и оти навремено и квалитетно ќе бидат завршени работите.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img