ЗАПОЧНА ДА ФУНКЦИОНИРА СОВЕТОТ ЗА ПОДДРШКА НА ЖЕНСКО ПРЕТПРИЕМНИШТВО ВО ОПШТИНА ОХРИД

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Дефинирање на деловник за работа, донесување на програмски акти и прецизирање на идни планови, беа дел од темите на денешниот прв состанок на Советот на женско претприемништво во Охрид, кој беше формиран со одлука на Советот на Општина Охрид на последната 24-та седница.

Советот за женско претприемништво на општина Охрид брои 16 членови од редот на: советничките при Советот на општина Охрид; жени претприемачи (актуелни и потенцијални); невработени жени од општина Охрид; претставници на микро, мали и средни компании од општината; здруженија на граѓани-непрофитни организации и невладини организации за поддршка на бизнис секторот од општина Охрид.

Членките на советот едногласно одлучија за претседател на советот да биде избрана Сузана Наумоска, а за заменик претседател Проф. д-р Устијана Речкоска. Членките на советот дефинираа и работнаа група која веќе следната седмица, ќе биде ангажирана околу подготовката на Стратегија за поттикнување на женско претприемништво на ниво на Општина Охрид, која ќе биде основа за сите наредни активности.

Советот за женско претпремништво има за цел да ги поттикне и да ги поддржи жените претприемачи во општина Охрид, да дава препораки за прашања од интерес за поддршка на женското претприемништво и родовата рамноправност. Исто така советот ќе гради политики за поддршка на жените претприемачи и женските права, со цел општествено и економско зајакнување на жените.

Советот за женско претприемништво на општина Охрид е отворен за соработка и со други субјекти, кои по потреба ќе ги вклучува во својата работа при разгледување на одредени прашања и проблеми за кои е потребна доплнителна консултација и стручно советување.

Share This Article