More

    Тројца Хрвати уапсени во Србија, го озрачиле граничниот премин

    spot_img

    Тројца хрватски државјани биле уапсени на границата со Србија откако сензор детектирал дека тие носеле глава од радиоактивен громобран во автомобилот. По проверката предметот е најден во делот каде седи резервната гума, пренесува Јутарни.

    Предупредувачкиот тон на сензорот регистрирал сериозна количина радијација. Полицајците, цариниците и сите кои биле во близина на материјалот морале да се ослободат од униформите, а потоа биле прегледании во болницата во Сомбор. Засега немаат симптоми, гадење или повраќање, но превентивно ќе бидат прегледувани во Белград, на Институтот за трудова медицина.

    Громобранската глава била испитана од експерти од Институтот за нуклеарни науки во Винча, кои биле повикани.

    Kако што објави порталот Блиц.рс, автомобилот го управувал Л.М.(49) од Хрватска. Заедно со двајцата патници тие се уапсени, но засега нема информации што ќе биде со нив.

    Инаку, во Србија на јавните станбени и деловни објекти се поставени над 3.600 радиоактивни громобрани. Иако тие мораа да бидат отстранети од сите згради уште во 2014 година, според порталот Новости од 2018 година, „радиоактивни громобрани се наоѓаат на 632 згради – станбени згради, фарми и други згради низ Србија“.

    Најмногу ги има во Кикинда (40), Бечеј (39) и Панчево (32), а речиси половина од општините и градовите имаат најмалку една или две згради заштитени со радиоактивен материјал.

    Српската агенција за заштита од јонизирачко зрачење минатите години спроведуваше акција за нивно отстранување, но очигледно е дека работата до ден-денес не е целосно завршена.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img