More

    Водачот на платеничката група Вагнер им испрати пакет со шампањ произведен во градот Бахмут на украинските жени по повод 8 март

    spot_img

    Водачот на платеничката група Вагнер им испрати пакет со шампањ произведен во градот Бахмут на украинските жени по повод утрешниот празник, 8 март. Во видеото кое го прикачи на социјалните мрежи, Евгениј Пригожин со потсмев го потпиша пакетот кој треба да биде товарен на камион.

    Пригожин уште во декември ги купи винаријата „Бахмут Шампањ“ и претпријатието „Синиат“ во источниот дел на градот.

     

    Во Бахмут со месеци се водат крвави битки. Откако украинскиoт претседател Володимир Зеленски вчера одлучи дека нема предавње, спротивно на советите на неговиот прв генерал, Валериј Залужни, денешната анализа на ИСВ, познатиот Институт за војната, вели дека руските сили го освоиле повеќе од пола регион.

    Истовремено групата Вагнер информираше дека ги повлекла своите најдобри борци, меѓу другото и поради немање муниција. На интернет се прошири непотврдено видео од гласовна порака на која, наводно, Пригожин бара муниција.

    „Вооружените сили на Украина создадоа бројни групи за да ги блокираат борците од Вагнер. Јас се огласив за да го алармизирам и да ги заштитам нашите војници, инаку сите ќе бидеме измачувани“, вели гласот на снимката објавена на Твитер-профилот „Вар монитор“.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img