Сопругата на холивудскиот актер Брус Вилис, Ема Хеминг, апелираше преку својот инстаграм-профил да го остават нејзиниот сопруг на мир, особено кога тој ќе одлучи накратко да излезе од дома во друштво на семејството или пријателите.
„Кога вие сте личноста која се грижи за лице со деменција, знаете колку стресно и тешко тоа може да биде. Особено да изведете тако лице во надворешен свет и да му обезбедите непречено да се движи, па макар оделе само на кафе. Видов слики и видео кои настанаа кога мојот сопруг излезе на кафе со неговите пријатели, кои се обидуваа да го заштитат од луѓето што го вознемируваат“, започнала Ема, а потоа го прекинала видеото додека скоро се расплакала зборувајќи за Брус и ситуација.
„Дајте му простор, дајте ни простор да го однесеме безбедно од точката А до точката Б“, заклучила Ема.
На Брус Вилис му била дијагностицирана фронтотемпорална деменција и за жал неизлечивата болест напредувала, а здравствената состојба на холивудската легенда многу се влошила, а луѓето очигледно не се свесни за тоа, па неодамна Вилис имал непријатна сцена на сред улица. Актерот бил снимен од папараците кои по пат му дофрлувале нешто за да ги погледне или да предизвикаат каква било реакција.
Пријателите на Вилис се обиделе да го заштитат, но не можеле и Брус изгледал малку вознемирен на некои од сликите.