Синдикатот на Клиничкиот центар утре на средба со новиот министер за здравство

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Синдикатот на Клинички центар, како што изјави потпретседателот Предраг Серафимовски, утре попладне е повикан на средба со новиот министер за здравство Фатмир Меџити.

– Се надеваме дека ќе наидеме на разбирање за да се потпише во најбрз можен рок договорот што го имавме со претходниот министер и со Фондот. Тие средства веќе се обезбедени, анексите се направени и коефициентите се средени, така што би требало да ја завршиме работата – појасни Серафимовски за МИА.

Бидејќи е прва средба, тој рече дека ќе инсистираат како синдикат на Клинички, но и за цело јавно здравство.

– Сите излегоа на протест и од другиот синдикат од ССМ. Инсистираме на потпишување за зголемување на плати, за медицинските сестри 3.000 денари бруто, за сите останати, значи јавна администрација, помош на технички персонал и доктори, по 2.000 денари. Таков е договорот – додаде Серафимовски.

Со барање за покачување на латите и усогалсување со промените на минималната плата синдикатите минатиот месец организираа протести на вработените во јавното здарвство пред пред Клиничкиот центар и ГОБ „8 Септември“ во Скопје, како и во други градови низ државата.

фото: МИА

Share This Article