Околу 400 панцири наменети за Украина се украдени од непрофитна организација во Њујорк, соопшти полицијата.
Полицијата наведува дека панцирите, донирани од полициски оддели, биле украдени од канцеларијата на Украинскиот конгресен комитет на Америка и Украинската национална женска лига на Америка на Менхетен.
– Полицијата е известена дека околу 400 панцири се отстранети од локацијата – рече наредникот Едвард Рајли.
„Елеците беа наменети за цивилните безбедносни и медицински тимови, вклучително и обичните граѓани кои се приклучија во борбата против Русија, е не украинските војници“, изјавија официјални лица.