More

    Данијела Мартиновиќ неодамна откри дека повторно е вљубена, а нејзиното ново момче е инспекторот и музичар Јосип Плавиќ

    spot_img

    Хрватската пејачка Данијела Мартиновиќ неодамна откри дека повторно е вљубена, а нејзиното ново момче е инспекторот и музичар Јосип Плавиќ.

    Данијела и 49-годишниот инспектор за криминал се сретнале поради кражба на нејзиниот идентитет на кој работел Јосип, а по расчистувањето на случајот продолжиле нивните телефонски разговори.

    „Случајот брзо беше решен, а потоа нашата приказна почна да се развива. Се започна со непланиран телефонски повик, кој очигледно мораше да се случи. Откако се запознавме, поминавме многу време разговарајќи и полека почнавме да забележуваме дека споделуваме исти вредности, погледи на животот и светот околу себее, па дури и некои соништа“, рекла пејачката и додала дека моментално се чувствува како да е во бајка.

    Како што дознава „Слободна Далмација“, Јосип имал еден брак во кој добил ќерка, а со поранешната сопруга е во добри односи. На неговите пријатели на почетокот им било чудно бидејќи тој и Данијела се поврзале бидејќи физички се сосема различни.

    Јосип во естрадните кругови е познат и како рок пејач кој е дел од бендот „Изван Закона“, а тој свири на гитара и пишува музика за текстови на кои автор е негова колешка за криминалистка.

    ФОТО: Фејсбук/Инстаграм

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img