More

    Таткото на четирите деца кои утрово загинаа во пожарот во Нови Пазар се обидел да влезе во нивната соба преку терасата и да ги спаси, но не успеал да ја пробие заглавената врата

    spot_img

    Таткото на четирите деца кои утрово загинаа во пожарот во Нови Пазар се обидел да влезе во нивната соба преку терасата и да ги спаси, но не успеал да ја пробие заглавената врата, јавуваат локалните медиуми.

    Во страотниот пожар загинаа четири деца на возраст од шест месеци до пет години, а таткото и мајката се пренесени во болница во тешка состојба со изгореници опасни по живот. Мајката има изгореници на 18 отсто од телото, а таткото, египетски државјанин, на 45 отсто од телото.

    Припадниците на Министерството за внатрешни работи, Секторот за вонредни состојби во Нови Пазар, веднаш по пријавата за една минута излегле на местото на настанот и за неколку минути пристигнале, каде што констатирале пожар кој веќе бил во фаза на беснеење, соопшти српското МВР.

    Најмалото дете кое загина во пожарот што рано утринава избувна во Нови Пазар има само четири и пол месеци, а најстарото пет години.

    Неофицијално, во моментот на пожарот мајката успеала да скокне низ прозорецот, додека таткото останал во станот и тој е тешко повреден.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img