Претседателот на државата Александар Вучиќ изјави дека „Ер Србија“ прави одличен бизнис, но дека побарал од емирот на Катар, шеикот Тамим бин Хамад Ал-Тани да види дали се заинтересирани да станат стратешки партнер на Србија и дека веќе се доставени некои материјали и анализи.
„Ер Србија денес е целосно во српски раце, добро ни оди, имаме чиста добивка, но гледаме да избегнеме можни ризици во иднина бидејќи не зависи само од нас што ќе се случи“, изјави Вучиќ во Доха.
Тој рече дека конференцијата организирана од Обединетите нации е собир на 46 најсиромашни земји, пред се од Африка, а меѓу учесниците има и голем број „пријатели“ на Србија.
„Ние сме на европскиот пат, но средбата е многу важна за Србија поради Движењето на неврзаните и поради нашата специфична ситуација околу Косово и Метохија“, рече Вучиќ.
Тој изјави дека во Доха се сретнал со претседателката на Словенија Наташа Пирц Мусар и со претседателот на Полска Анджеј Дуда.
„Разговарав за ситуацијата во регионот, европските прашања и со полскиот претседател за настаните во Украина“, рече Вучиќ.