Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп денеска изјави дека го почитува тимот на Манчестер Јунајтед, пренесува Skysports.
Фудбалерите на Ливерпул и Манчестер Јунајтед се среќаваат утре од 17 часот по наше време во натпреварот од 26. коло на Премиер лигата.
„Ова е вистинско дерби за мене, да бидам искрен. Огромен натпревар и со текот на годините ова секогаш биле тешки натпревари и одлична атмосфера на двата стадиони. Го почитувам тоа што го прават во Манчестер. Очигледно нивниот тим не е тој што се гради во наредните 10 години, овој е тимот за сега, но доаѓаат суперискусни, супер квалитетни играчи“, изјави Клоп.
Германскиот стручњак додаде дека двете екипи ги очекува многу важен натпревар.
„Ова е исклучително важен натпревар за нас бидејќи сакаме да го направиме следниот чекор за да се доближиме до областа на табелата каде сакаме да бидеме. Се разбира, мислам дека можеме да го направиме тоа, или треба да го докажеме. Не ми се допаѓа да кажам дека сега можеме – има многу работа меѓу моите зборови и вистинскиот исход“, заклучи Клоп.