More

    Бајден реагираше на обвинувањата од мајка чии деца се предозирале со фентанил

    spot_img

    Драма се случува во американскиот Конгрес во врска со увозот на опијат која се вика фентанил. Мајка која ги загубила двата сина во летото 2020 година поради тоа што се предозирале со фентанилот емотивно сведочеше во Конгресот, а потоа го обвини претседателот Џо Бајден дека ја исмеал смртта на синовите со тоа што рекол дека фентанилот за кој таа зборува бил увезен во време кога на власти бил неговиот претходник, Доналд Трамп, пишува Њузвик.

    – Неодамна таа беше многу јасна во изјавите, велејќи дека како мајка, сиромашна мајка која изгубила две деца поради фентанил, дека сум ѝ ги убил синовите. Епа, интересно е што фентанилот што го земале нејзините синови дошол во САД за време на минатата власт – изјави Бајден.

     

     

    Синовите, едниот 20-годишен, другиот 18-годишен, починале во 2020 година земајќи апчиња од опијатот, а мислејќи дека тоа e добра алтернатива за апчиња против болка. Фентанилoт е синтетички опијат кој е од 50 до 100 пати посилен од морфинот и најчесто се користи за ублажување болки кај пациенти кои имаат рак.

    Мајката упати порака да сопре увозот на фентанил,  а нејзиниот повик го поддржа и опозиционерката Марџори Грин-Тејлор која го искористи случајот и ја обвини власта дека и во денешно време не успева да го спречи увозот.

    Американците во меѓувреме почнаа да пишуваат по социјалните мрежи. Многумина велеа дека Бајден во изјавата се засмеал за смртните случаи, а не за обвинувањата.

    Мајката пак, по име Ребека Кислинг, во четвртокот излезе со ново тврдење. Таа на Фејсбук напиша дека добила смртни закани од поединци преку Интернет за тоа што го кажала во Конгресот. Таа постираше и наводна слика од заканата на која пишува:

    „Како се осмелуваш, неука жено. Како се осмелуваш да освоиш некои евтини поени за предавничкиот криминален синдикат наречен републиканци, држејќи ги залудно твоите мртви синови“.

    „Тоа беше фентанилот на Трамп. Глупава кучко. Оди убиј се“.

    Пораката била потпишана од Метју Салвин, бизнисмен и социјален претприемач.

    Таа рече дека го пријавила Салвин на администраторите на социјалната мрежа ЛинкдИн од каде што ѝ ја напишал пораката.

    Повеќето медиуми во САД го проверија фактот дека навистина се работи за фентанил увезен во времето на Трамп.

    Дебатата во американското општество продолжува за горливиот проблем со увозот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img