Мерцедес со белградски регистерски таблички, управуван од Џенан Лончаревиќ (48), на 2 март околу 14 часот се превртел на автопатот Подгорица – Матешево.
Возилото го управувал познатиот српски пејач Џенан Лончаревиќ, кој за среќа, останал неповреден при сообраќајната несреќа.
Како што открива полицијата, возилото со кое управувал Џенан Лончаревиќ се превртело на автопатот во Црна Гора.
„Сѐ е во ред. Ви благодарам многу. Жив сум, здрав сум, повеќе не би коментирал. Тие ја пренесоа веста која не е целосно точна. Драги мои, сите што сте загрижени, што се јавивте и сите што сакате да дознаете нешто, еве да кажам дека сум жив и здрав и можам да ви кажам дека утре ќе бидеме заедно на концертот во Теслиќ“, порачал пејачот.