More

    Мицкоски го обвини МВР дека се однесува аматерски

    spot_img

    Полицијата се однесува аматерски, директорите на скопските училишта добиле насоки да ја игнорираат електронската пошта, претседателот на државата Стево Пендаровски тактизира и не свикува Совет за безбедност, а во Министерството за образование има епска неспособност, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање во однос на континуитетот на закани со бомби во училиштата.

    – Јас денеска добив уште една уште пошокантна информација, не знам колку е точна, треба да се провери, со неколку директори во училиштата во Скопје и во основните и во средните, дека биле посетувани, повторно поставувам како дилема, биле посетувани од страна на припадници на Министерството за внатрешни работи и биле советувани да ги игнорираат дојавите коишто стигнуваат на службените емаил адреси, односно на електронска пошта, да ги игнорираат како тоа да не се случува, па дури и некои биле советувани и воопшто да не ја отвораат електронската пошта. Со други зборови, претседателот молчи кога треба да е најгласен наместо сега кога сме цел на еве според нив хибриден напад да го свика Советот за безбедност. Тој молчи, тактизира, не добива насока од неговиот стопан, никаде го нема, ќе го слушнете тука-таму со по некоја егзибионистичка изјава, никаде го нема. Ако е ова точно, тогаш МВР се однесува аматерски, односно наместо да спречи и да превенира, тие дополнително ја загрозуваат безбедноста на учениците. Во врска МОН јас немам што повеќе да додадам за тој министер таму. Година измина, а сѐ уште нема учебници, па секако дека станува збор за епска неспособност и епски најнеспособниот министер што за жал поради определени коалициски гимнастики сѐ уште е министер за образование. Но не за долго, реков месеци нѐ делат кога конечно Македонија и граѓаните ќе се ослободат од овие неспособни луѓе и ќе дојдат луѓе коишто знаат како да се справат со предизвиците – рече Мицкоски.

    За жал, додаде тој, повторно ќе кажам ние се соочуваме со максимално криминални и неспособни политичари, коишто немаат стратегија и не знаат како да се справат со предизвиците, а жртва се најмилите.

    – Тоа се нашите деца – учениците, без разлика дали се тоа во основните или во средните училишта. После егзибициите со КОВИД денеска еве со месеци сме сведоци на епска неспособност од страна на надлежните и ресорни министерства – нагласи Мицкоски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img