More

    „Опколени сме од сите страни, а ова е муницијата што ни остана“

    spot_img

    На социјалните мрежи се шират наводни видеа од украински војници во Бахмут кои тврдат дека се опколени и без муниција.

    Украинските сили се задржаа на Бахмут за време на неколкумесечните немилосрдни напади. Сега, ситуацијата се влошува и се зборува дали и кога Украина ќе ги повлече своите војници. Генерал-полковник Олександр Сирски, командант на копнените сили на Украина, изјави претходно оваа недела дека ситуацијата околу Бахмут е „екстремно напната“.

    Во исто време на социјалните мрежи кружат видеа од очајни украински војници во Бахмут.

    „Овде сум со момците и ова е сета муниција што ни остана. Ние сме во гомна. Сега сме опкружени од сите страни… Па чекаме… Не можеме повеќе“, вели пред камерата еден од очајните војници, а потоа ги смирува оние на кои им е упатено видеото: „Се ќе биде добро. Ќе дојдам дома и ќе те бакнам. Те сакам“, завршува тој.

     

     

    Во друга снимка, командант вели дека среде ноќ им било наредено веднаш да го напуштат Бахмут и да се распоредат во нови операции.

     

     

    На третото видео се гледа како украински војник бега од Бахмут и испраќа порака до својата мајка, не верувајќи дека преживеал.

     

     

    „Мамо, јас сум жив, жив!!!“, ѝ вели тој.

    Во моментов е во тек кулминацијата на битката за Бахмут/Артјомск. Додека единиците на Вагнер го опкружуваат градот и го затвораат влезот и излезот од него, преостанатата украинска војска која останала во градот разнесува предмети што можат да бидат значајни за руското присуство во центарот на градот, па сакаат да го забават пристигнувањето во самиот центар на градот.

    Едно од видеата објавени на социјалните мрежи го прикажува моментот кога украинските војници креваат во воздух метален железнички мост над еден од каналите со надеж дека ќе го забават напредувањето.

     

     

    Под детонацијата, мостот делумно паѓа во каналот, што го спречува и забавува навлегувањето на борците на Вагнер во самиот центар на градот.

    Сепак, тоа не е единствениот уништен мост во практично опколениот Бахмут. Борците на Вагнер го стегаат обрачот низ градот.

     

     

    Лидерот на руската воена компанија Вагнер, која се бори во областа Доњецк во источна Украина, од зграда во предградието на Бахмут зборуваше со порака за украинскиот претседател Володимир Зеленски.

    „Единиците на ПМЦ Вагнер практично го опколија Бахмут! Ако професионалната украинска војска претходно се бореше со нас, денес меѓу нив гледаме се повеќе стари луѓе и деца, а нивниот живот во Бахмут трае ден или два“, рече Пригожин.

     

    Тој го повика Зеленски конечно да ги повлече војниците од градот пред конечно да бидат опколени.

    Уништениот Бахмут е под постојан напад на руските војници, а неговото заземање би отворило пат за Русија целосно да го контролира остатокот од стратешкиот индустриски регион Донбас, што е една од главните цели на инвазијата започната на 24 февруари 2022 година.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img