Веб-страницата која билетите ги пушти во продажба објави дека концертот е откажан и дека на фановите ќе им бидат вратени парите. Сепак, сплитскиот пејач ќе пее ден претходно во Ниш, а билетите за тој концерт сѐ уште се во продажба.
Концертот на хрватскиот музичар Петар Грашо (46), кој требаше да се одржи во српскиот град Чачак на 18 март годинава, е откажан поради „неможноста да се обезбедат техничките услови за реализација на концертот од страна на салата“, пишува веб-страницата која ги пушти билетите во продажба.
– Концертот на Петар Грашо, закажан за 18 март, е откажан поради неможност да се обезбедат техничките услови за реализација на концертот од страна на салата – стои на страницата ticket.rs.
Влезниците се повлечени од продажба, а организаторите ги известија обожавателите кои веќе ги купиле билетите дека ќе им бидат вратени парите.
Концертот требаше да се одржи во Спортската сала „Младост“ во 20 часот.
Иако нема информации за тоа на официјалната страница на музичарот или на социјалните мрежи, како негов следен концерт е наведен оној на 29 април во германскиот град Минхен, во салата „Зенит“.