Бектеши ја објави на својот фејсбук профил последната одлука на владата поврзана со замрзнатата цена од 33 денари за полубелиот и белиот леб

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Министерот за економија Крешник Бектеши ја објави на својот фејсбук профил последната одлука на владата поврзана со замрзнатата цена од 33 денари за полубелиот и белиот леб.

Со оваа одлука Владата  ги обврзува пекарниците произведуваат бел и полубел во количина од најмалку 80 отсто од производството на овој леб во месец декември 2022 година.

Трговците на мало кои продаваат леб, пак, имаат обврска во структурата на дневната набавка на сите видови леб, да имаат најмалку 80 отсто од лебот со замрзнатата цена.

Одлуката е објавена и  во Службен весник  број 46 со вчерашен датум.

Бектеши напиша дека со новата одлука на владата „секој производ ќе го има, и тоа со фер цена“.

Share This Article