More

    Недела, 5 март, ќе биде ден на национална жалост во Албанија за жртвите од железничката несреќа во Грција

    spot_img

    Недела, 5 март, ќе биде ден на национална жалост во Албанија за жртвите од железничката несреќа во Грција.

    Веста на Фејсбук ја објави премиерот Еди Рама.

    „Трагедијата на Грција е и наша трагедија, болката за изгубените животи во страшната несреќа е и наша и ова е еден од оние моменти во животот, кога една голема загуба кај  соседот покажува многу повеќе од сто радости дека нашите животи се нераскинливо поврзани и дека мораме да дадеме сè од себе да ги направиме што е можно подобри, соработувајќи сè повеќе и повеќе меѓу себе 🇬🇷❤️🇦🇱“, напиша Рама на Фејсбук.

    Тој ја објави и одлуката на владата.

    „Албанија в недела ќе им оддаде почит на  жртвите од трагедијата со ден на жалост, симболично придружувајќи ѝ се на пријателска Грција со државното знаме на половина копје“, додава тој во објавата.

    Албанската влада 13 февруари го прогласи за ден на национална жалост за жртвите во катастрофалниот земјотрес во Турција.

    Според албанските медиуми во патничкиот воз имало и албански државјани, главно студенти. До сега потврдена е смртта на 60- годишен Албанец, кој работел во кафулето во возот, тројца студенти се меѓу исчезнатите, додека двајца се во тешка здравствена состојба во болницата во Солун.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img